Прв меѓуградски лет на летечкиот автомобил „Еркар“

575

„Прототипот 1“ на летачкиот автомобил „Еркар“ (Aircar Prototype 1), опремен со мотор на БМВ и обично гориво, го изврши првиот меѓуградски лет меѓу аеродромите во Нитра и Братислава. Летот меѓу двата града во Словачка траел 35 минути.

Неговиот творец, професорот Стефан Клајн, вели дека летачкиот автомобил може да се движи околу 1.000 километри, на надморска височина од 2.500 метри и досега минал 40 часа во воздухот.

Моделот „Прототип 1“, со мотор со 160 коњски сили и фиксен пропелер, може да лета со максимална брзина од 190 километри на час. Потребни се две минути и 15 секунди за да се преобрази од возило во летало.

Има капацитет од две лица, или – вкупно 200 килограми.

Прототипот, кој се развиваше две години, чини помалку од два милиони евра, објави компанијата „Клајн вижн“, којашто стои зад „Еркар“.