Прв комерцијален директен лет меѓу Дубаи и Израел

38

Нискобуџетната авиокомпанија „Флајдубаи“ ги поврза Израел и Обединетите Арапски Емирати со директен комерцијален лет за првпат, два месеца откако двете земји ги нормализираа односите под покровителство на САД.

Авионот полета денеска наутро од меѓународниот аеродром во Дубаи и слета на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.

– Тоа е остварување на сонот. Ја менуваме историјата, не чекориме, туку летаме, рече Нетанјаху и додаде дека граѓаните на двете земји наскоро ќе можат да се посетуваат без виза.

Тој изрази желба повторно да го стави „Блискиот исток во центарот на светот“ и да го направи регионот „пример“ за остатокот од човештвото за склучување договори за нормализирање на односите.

Лидерот на ОАЕ, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан рече во Абу Даби дека договорот со Израел „ќе одговори на аспирациите на луѓето во регионот за напредок и просперитет“.

Обединетите Арапски Емирати во септември потпишаа договор за воспоставување официјални односи со Тел Авив, прв од ваков вид што Израел го склучи со некоја од земјите од Заливот.

„Флајдубаи“ најави дека ќе реализира два лета дневно помеѓу Дубаи и Тел Авив за да ги поттикне трговијата и туризмот меѓу двете земји.

Извор:МИА