Првпат по десет години: Израелски авион слета во Турција

42

Авионот на Ел Ал „Дринлајнер“ слета во неделата на аеродромот во Истанбул, потврди портпаролот на компанијата. Според „Ерусалим Пост“, израелскиот авион пренесувал помош во Соединетите Држави, кои водат борба против епидемијата на коронавирус.

Сериозна дипломатска криза меѓу двете земји се случи во мај 2010 година, кога 10 турски државјани беа убиени при слетување на израелските специјални сили на бродот Мави Мармара, кој пловеше во меѓународните води на Средоземното Море.

,,Мави Мармара” бил во флотата на хуманитарни бродови кои носеле помош во Појасот Газа кога израелските командоси се качиле на негов во меѓународните води на 31 мај 2010 година затоа што, според Израел, на бродот имало вооружени активисти.

Дипломатските односи се замрзнати, а во 2016 година, Израел исплати 20 милиони американски долари обесштетување на семејствата на жртвите како дел од помирувањето. Во август 2016 година турскиот парламент го ратификуваше договорот за нормализација на односите со Израел.

Тензиите продолжуваат да попуштаат, како и острата реторика меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, особено во врска со палестинскиот проблем.