Прво ја затруднел инфлуенсерката, а потоа и понудил 20.000 фунти за абортус

224
epa10318230 Players of England celebrate their 6-1 lead during the FIFA World Cup 2022 group B soccer match between England and Iran at Khalifa International Stadium in Doha, Qatar, 21 November 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Оженетата ѕвезда од Премиер лигата и репрезентативец на Англија, е обвинет дека имал афера со една позната инстаграм инфлуенсерка.

За време на љубовната романса, девојката останала трудна, а познатиот фудбалер и понудил 20.000 фунти за да абортира.

Се започнало откако фудбалерот ги погледнал атрактивинте фотографии на девојката која ги постирала на својот инстаграм профил, а веднаш потоа и испратил неколку приватни пораки.

Двајцата се договориле да имаат состанок во познатиот стриптиз клуб во Лондон – „Платиум Ленс“, а таму биле приметени од јавноста.

Фудбалерот на неколку пати се договарал со обезбедувањето да и дозвили на девојката да престојува во неговата соба за време на гостувањето со својот клуб.

Англиската јавност се обидува на секаков можен начин да дознае за кој фудбалер станува збор иако првиот состанок помеѓу нив двајца се има случено во 2019 година.

Малку фалело да биде откриен идентитетот на фудбалерот, но истиот успеал да го сокрие своето лице додека папараците се обидувале да го фотографираат.

Британските медиуми открија дека девојката била чест гостин во неговиот дом додека сопругата и децата биле на некаква патување или на гости.