Прво место и четири ол-стар признанија за македонските кадети на ЕХФ шампионатот (У18) во Рига

141

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија (играчи до 18 години) го освои ЕХФ шампионатот во Рига, со триумф во финалето против селекцијата на Швајцарија со 24-22.

Првото место на ЕХФ шампионатот (У18) во Рига на Македонија и носи место на  Свесткото првенство за кадети во 2023 и на Европското првенство за младинци во 2024 година.

Голманот Давид Брестовац беше прогласден за најдобар играч во финалето, а наефикасни во македонскиот состав беа Димковски со седум и Петковски со шест погодоци.

Македонските репрезентативци доминираа и во изборот на идеалниот тим на шампионатот. Томислав Димковски беше прогласен за МВП на ЕХФ шампионатот. Признанието за најдобро лево крило му припадна на Михаел Тотиќ, за најдобро десно крило беше прогласен Александар Петковски, а најдобар голман во ол-стар тимот е Давид Брестовац.