Првото бебе во 2021 е машко

58

Првото бебе во Македонија се роди една минута по полноќ. Машко бебе, тешко 3 650 грама и долго 51 сантиметар, информираше Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Новороденчето е родено во 00:01 часот, а мајка на бебето е скопјанката Бојана Смилеска. Ова е нејзино второ, спонтано породено дете.