Здружението на кошаркарски прволигаши заедно со Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) работат на дефинирање, на конечните точки за старт на новата сезона.

Сепак и по нивната средба не  беше познат датумот на официјалниот старт на шампионатот, ниту детали како че функционира првенството. На состанокот беше присутен и наследничката на Видоја Секуловски, претставничката на Пелистер, Мери Ковачевска, која е прва жена во историјат назначена за претседателка на Здружението на прволигаши.

Прволигашите ќе бараат помош од федерацијата, како што тоа го стори РФМ, каков ќе биде исходот ќе биде познато во наредниот период.

Фото: П. Стојановски