Првиот разговор помеѓу новиот претседател на САД Џо Бајден и некој странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо и ќе се случи утре, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Таа додаде дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и за одлуката на Бајден за официјално укинување на дозволата неопходна за изградба на нафтоводот Keystone XL помеѓу двете северноамерикански држави.