Првиот македонски долгометражен филм за деца „Стела“ најавен за пролет 2020

162

Првиот македонски семеен долгометражен филм за деца „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, по сценарио на Ева Камчевска, а во продукција на „Дрим Фектори“ публиката ќе може да го види на пролет идната година.

Снимањето, кое завршило оваа есен, се одвивало во Скопје, во живописниот Галичник, како и во Штутгарт, Германија. Филмот добил финансиска подршка од германскиот филмски фонд „МФГ Баден-Виртемберг”, од македонската Агенција за филм и од Филмскиот центар на Србија.

„’Стела’ е приказна за едно куче – шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Никола ќе проба да се самоубие заради континуриано малтретирање во училиште, престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него… Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, пак, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство…“, посочуваат од продукцијата од каде се истакнува дека за прв пат во земјава филмот „Стела“ се реализира како прва „еко“ или „зелена“ продукција.