Прва фаза од авионска дезинсекција против комарци во Скопје

70

Во раните утрински часови в понеделник ќе се реализира првата фаза од авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Од РЦУК ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.