Државниот секретар во Министерството за заштита на животната средина Бранислав Блажиќ почина денес претпладне од коронавирус, потврди за беградски Курир министерот за животна средина Горан Триван.
-Бранислав почина денес претпладне во Белград. Му изјавувам сочувство на семејството и пријателите. Плачам. Беше прекрасен човек. Цел живот го посвети на заштитата на животната средина. Зад себе остави дете од 12 години. Минитерството и Владата ќе се погрижат детето и семејството да бидат згрижени, изјави Триван.
Блажиќ пред пет дена бил приклучен на респиратор.
Завршил Медицински факултет и беше специјалист по општа хирургија.