Прва смртна казна во САД од 1953 година: Со смртоносна инјекција погубена Лиза Монтгомери

46

Американската влада ја погуби Лиса Монтгомери, единствената жена која чекаше извршување федерална смртна казна, откако Врховниот суд ја отфрли можноста за одложување во последен момент. Во вторникот таа прими смртоносна инјекција во затворот во Тер Хоут во Индијана и е првата жена од 1953 година врз која била извршена федерална смртна казна.

Нејзините адвокати се бореа против егзекуцијата, тврдејќи дека Монтгомери е ментално болна и претрпела сериозни злоупотреби како дете.

Педесет и двегодишната Монтгомери беше осудена за убиство на трудница во Мисури во 2004 година. Монтгомери ја задавила 23-годишната Боби Џо Стинет, која била во осми месец од бременоста, по што ѝ го исекла бебето од утробата. Бебето преживеало и подоцна му било вратено на семејството на Стинет.

„Владата не се двоумеше во својата намера да ја убие оваа оштетена и заблудена жена. Егзекуцијата на Лиса Монтгомери беше далеку од правда“, изјави адвокаткатаКелиХенри, додавајќи дека Монтгомери во детството била сексуално и физички злоупотребувана од родителите.

Монтгомери својата жртва ја нашла на интернет и ја посетила во нејзиниот дом во Мисури под изговор дека сака да купи кученце. На местото на настанот ја задушила, ѝ ја распарала матката, го извадила бебето и ја оставила младата жена во локва крв.