Белорускиот ракометен шампшион Мешков Брест ја забележа првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите. Белорусите славеа минимално во 9. коло од А- групата на гостински терен против Елверум со 33:32 (17:15).

-Мислам дека конечно ја пронајдовме нашата најдобра форма и покажавме дека заслужуваме да играме ов Лигата на шампионите. Водевме од почетокот до кеајот на натпреварот и заслужено ги освоивме бодовите, се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и ке дојдеме до место на табелата кое не води во наредната фаза од ова натпреварување, изјави тренерот н белорускиот тим, Павле Башкин.

Микита Ваилупов имаше фантастичен натпревар и со осум гола беше прв стрелец во редовите на Мешков Брест, додека кај домашниот тим ист број на голови постигна Грондал.

ППД Загреб иако покажа одлична игра на гостувањето кај Монпелје, загуби со 24:23 (14-12). Избраниците на Ивица Обрван со добар почеток и финиш на дуелот пружија отпор и играа егал натпревар. Најефикасни со по пет погодоци беа Валиниус од Монпелје и Чупиќ кај гостите.

Вицешампионот Алборг ја покажа силата во дуелот со ПИК Сегед, победувајќи го со 34:30. Данците рано се одлепија и најавија дека бодовите нема да заминат за Унгарија. Иако ПИК Сегед во вториот дел пријде на само еден гол дефицит, немаше сили за целосен кам-бек и го загуби гостувањето кај Алборг. Најефикасни играчи на дуелот беа Кристенсен со девет и Сандел со осум гола, додека кај ПИК Сегед се истакна Банхиди со седум погодоци.

Мотор Запорожје го остави зад себе високиот пораз од Веспрем и приредија големо изненадување во Б- групата, откако на свој паркет го совладаа германскиот гигант Фленсбург со убедливи 31:22. Прва ѕвезда во редовите на украинскиот шампион беше Маласинскас со девет гола, а го следеа Денисов и Пухоски со по четири погодоци.