Друштвените мрежи се вжештија по објавата на францускиот тенисер Фабиен Ребул дека е во врска со колегата Максен Бровил. Имено, на социјалната мрежа „Твитер“ се појави фотографија на која Ребул и Бровил се во страсна прегратка, а Фабјен, која е 54. тенисер на АТП кога станува збор за конкуренцијата во двојки, го напиша следново:

-Двајцата на сликата ја носат истата опрема на тенискиот клуб „Слејд Тулузејн“ каде што играат, а заедно со сликата Фабиен Рубл објави и емотикон на кој се гледаат раце како прават срце.

Сепак, после ова ниту еден играч не се огласи да потврди дали сето ова е сериозно или шега – што не е невозможно, бидејќи на нивниот профил често се појавуваат коментари од лажни профили, а тенисерите многу често се надоврзуваат на нив.

Доколку ја потврдат својата врска, Фабиен и Максенс би биле првиот геј пар во светот на тенисот.

На Фабиен Ребул подобро му оди во конкуренција на двојките каде како што  моментално е на 54. позиција на АТП листата. Кога станува збор за сингл конкуренција, овој 27-годишен Французин не е ни во топ 1000, а моментално е 1288. тенисер на планетата, додека неговата најдобра позиција беше 328.

Максенс Бровил има 23 години, во сингл конкуренција моментално е 945. тенисер во светот (најдобрата позиција му беше 836.) а во двојки е 872. на планетата (најдобрата позиција во кариерата му беше 829.).