Првата црква ги затвори вратите поради трошоците за греење: Верниците да се греат на варено вино

107

Поради трошоците за греење во Германија, првата црква ги затвора вратите за верниците.

Станува збор за црквата Св. Паули во Хамбург, кој планира да ги затвори вратите на три месеци. Црквата ќе остане отворена до Божиќ и греењето во црквата нема да ја надмине температурата од 17 степени.

„Може да стане постудено со отворена врата, па нарачавме ќебиња. Ги замолуваме верниците на Божиќ да се облечат топло за миса. Тоа е добра идеја за многу цркви оваа зима. За да се заштеди енергија, греалките се поставуваат само на некои места за да се спречи замрзнување. Некои парохии дури размислуваат да ги загреат верниците нудејќи им варено вино“, рече свештеникот Сигард Вилм.

По Божиќ, поради цените на енергијата и високите трошоци, црквата Св. Паули ќе биде затворен три месеци.

„Меѓутоа, од јануари до март 2023 година, ќе и бидеме достапни на црковната заедница во мензата на соседното окружно училиште во улицата Бернхард-Нохт. Преостанатата топлина после училишната настава ни е доволна, а имаме и прекрасна соба со поглед на Елба на само неколку чекори од нашата црква“, вели свештеникот Зигард Вилм.