Првата опција беше да направиме голем скандал

66

Во ексклузивното интервју кое го даде за најтиражниот спортски весник во Италија, „Газета дело спорт“, главниот оперативец на Јувентус, Фабио Паратичи, откри како „старата дама“ ги осигурала услугите на Кристијано Роналдо.

Актуелниот шампион на Италија барал начин како дополнително да ги мотивира фудбалерите кои осоија седум титули по ред, но и да ги зголемат своите шанси кога е во прашање трофејот во Лигата на шампиони.

  • Дојдов до Андреа Ањели и Павел Недвед: Имам идеа. Прво треба да се направи проценка, затоа не сакам да ми се смеете. И не сакам да скокнете низ прозорецот. Има два начина за да ги мотивираме играчите. Првиот не можам веднаш да ви го откријам, а вториот е да го купиме Кристијано Роналдо. Првиот начин беше да ги осигураме услугите на капитенот на Интер, Мауро Икарди и на тој начин да направиме голем скандал во Италија. Ако не го сакаме тој начин, тогаш мора втората опција. Андреа ме погледна и ми се насмеа. Во тој момент не веруваше дека можеме да го купиме Роналдо за таа парична сума која ми ја кажа Мендеш, изјави Паратичи.

Јувентус беше многу блиску до повторување на 2016 година кога за 90 мил. евра беа осигурани услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Наполи, Гонзало Игуаин. Две години подоцна, „дамата“ сакаше да го купи капитенот на најголемиот ривал, кој не беше многу заинтересиран за преселба во Торино.