„Притисокот е доволен за идниот транспорт на гас“, посочуваат тие и додаваат дека започнале подготовки за пуштање во употреба на втора линија.
Гасоводот сега чека дозвола од германските регулатори, а постапката на нејзино издавање може да потрае и неколку месеци, забележува Ројтерс.
Северен тек 2 треба да ги удвои двете руски испораки во Европа на 110 милијарди кубни метри, а финансиран е од рускиот Гаспром и неговите партнери австриски ОМВ, француски ЕНГИЕ, британски Шел и германски Унипер и Винтершал Деа.
Соединетите Држави му се спротивставија, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од руската енергија. Завршните работи се одолговлечени, а Европа се соочи со недостаток на гас оваа есен поради големата побарувачка од економијата, која се опоравува од корона-кризата.
Цените на гасот нагло пораснаа, а Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) и некои членови на Европскиот парламент ја обвинија Русија дека не вложила доволно напори за зголемување на испораките за Европа.
Во меѓувреме, Москва ги отфрли обвинувањата и вели дека Северен тек може да го намали притисокот врз европскиот пазар на гас.