Првата дама на Косово, Лумние Тачи, во ексклузивен фустан на дизајнерката Лапаштица

189

Лумние Тачи, сопругата на косовскиот претседател Хашим Тачи, многу често своето време, и покрај обврските, го посветува на својот изглед и на својата гардероба. Овде ја гледаме во ексклузивниот фустан на познатата дизајнерка Вјолца Лапаштица. Откако Лумние, која инаку е доктор по економија, се појави во овој виолетовиот фустан, комбиниран со проѕирен дел, првата дама на Косово доби илјадници коментари во кои се вели дека изгледа исклучително прекрасно. Брачната двојка Тачи се заедно повеќе од две децении, а нивниот син Ендрит има скоро 20 години.              /фото:Инстаграм/