Прамен од Бетовен на аукција во Сотби

180

Во вторник, познатата аукциска куќа Сотби ќе лицитира необичен предмет. Станува збор за прамен од косата на познатиот германски композитор Лудвиг Ван Бетовен, јавува СиЕнЕн.

Праменот, кој се проценува дека вреди помеѓу 15.000 и 19.000 долари, е врзан со  свилен конец и ќе се продава во стаклена овална рамка.

Овој прамен првично му припаѓал на композиторот Антон Халм, кој го побарал како подарок за неговата сопруга. Таа пак, го подарила на омилениот студент на Бетовен по пијано во 1815 година. Ова е втор пат прамен од славниот композитор да биде предмет на аукција. Првиот, кој бил исечен од косата на композиторот кога тој лежел на смртна постела во 1827 година, беше продаден во 1994 година за непозната сума на двајца американски обожаватели на од Бетовен. Тие ја имаат тестирано косата и откриле дека содржи 100 пати повисоко количество на олово од нормалното.