Празниците се ближат, Татјана Лазаревска (ќе) пее во Мелбурн – работно по 26. пат!

341

Влеговме и во месецот декември кога наголемо сè се подготвува за најлудата, новогодишната ноќ, кога на 31, на полноќ, стрелките на часовникот ќе се поклопат и ќе се посака, пред сè здравје, па потоа љубов и пари. Така е на секаде низ целиот свет, а така е и кај познатите личности од македонската естрада, каде и да се.

Како и кај фолк-пејачката Татјана Лазаревска, која неодамна изјави: „Со оглед дека новите години во мојата долга музичка кариера ги дочекувам работно, така ќе биде и овој 26. пат, вели Татјана (за порталот Muzika 24.mk). Јас поинаку и не знам и не сакам да знам. И оваа, Новата 2022 година, работно и со песна ја дочекувам. Така ми е најубаво. Инаку, за подарокот за Нова година како некој специјален не одбирам. Тоа се скромни подароци кај мене и сопругот Новица.

Иако сме скромни кога се работи за подароците, јас најмногу ѝ се радувам на Нова година. Има посебна атмосфера, зашто се свети, сите се радосни, украсуваат елки, уживање е за око и душа. Само што побрзо да заврши оваа пандемија, овој хаос со короната, која, за жал, и овде во Австралија однесе многу човечки животи.(Foto:FB)