Драматични настани на улиците во Скопје,преку бројните новинарски извештаи го обиколија светот!Вознемирени се сите граѓани,кои го сакаат мирниот,заеднички живот.

Најболно од се, се протестира за изречена првостепена пресуда,во предметот со работен наслов”МОНСТРУМ”,во кој се убиени 5 (пет) млади лица,од кои четири млади момчиња,на самиот почеток од својот живот.Она што е неспорно за сите во овој трагичен настан,е фактот дека станува збор за невини жртви,кои со ништо не придонеле за да го изгубат својот живот!!!

Настанот  по својата пројавност,се што се виде и слушна таму, е повеќеслоен,но моето внимание го привлече некои од навредите искажани против судот и јавните обвинители.Повторното судење на обвинетите во случајот “Монструм”,во кој обвинетите се товарат ,за тешки кривични дела”Загрозување на животот на граѓаните”

и”Тероризам”,беше по повод вонреден правен лек поднесен од в.д.  Јавен обвинител, против правосилна пресуда на пониските судови,пред Врховниот суд.Јавниот обвинител побара повторно преиспитување на пресудата,во која пониските судови ја изрекле највисоката казна ,Доживотен затвор”

Основ за таквиот предлог на ЈО беше обзнанување на транскрипти од прислушкувани разговори,за кои и тогаш јавноста “притискаше”, дека од нив можат да се утврдат поинакви факти ,кои би можеле да доведат до поинаква пресуда.Врховниот суд, ја врати постапката на повторно судење пред пониските судови ,со цел да се провери , влијанието на овие транскрипти, за уттврдување на нови факти.Целта беше судовите со сигурност да утврдат,кои се сторители, кои помагачи и поттикнувачи,за овој тежок злочин!!!

Тежината на кривично-правниот настан, и напорите да се утврди објективната вистина ,се основ Врховниот суд да го врати предметот,на повторно судење.Не е ни прва ,а нема да биде ни последна укината пресуда од највисокиот суд во РСМакедонија!

Правдата е бесценета, и во време и во пари!

Првостепениот суд заедно со јавните обвинители и одбраната на обвинетите,секој во своите законски рамки,во прв степен, ја извршија својата задача, се донесе првостепена пресуда да се казнат виновните ,а невините да се ослободат од обвинение.Наеднаш излив на недоверба,гнев ,непримерни навреди кон судот и јавните обвинители, пројавено насилство по улиците!

Зошто? Па станува збор за првостепена пресуда! А,болот,за невините жртви,помислија ли на тоа?!Последната недела,и по повод друг предмет, со работен наслов” ТАРГЕТ-ТВРДИНА,пројавен е непримерен притисок од јавноста врз работата на судот и Јавниот обвинител!

Сите судат,навредуваат,објавуваат противречни”вистини”,секој од нив со конкретен мотив!

Под таков притисок,за предмети кои се “живи”,се судат во судска постапка,и најстручниот и најчесниот судија и јавен обвинител, посветени на правдата ќе бидат “обесчестени”!!!Не се почитуваат демократските форми на влијание на јавноста врз работата на македонското судство.Се пристапува кон недозволени форми на влијание, сензационализам, ширење невистини,често со лаички,па и злонамерен притисок на јавноста кон судот!

Многу е лесно низ сите форми на притисокот на јавноста ,да се руши и преостанатиот авторитет на судството пред граѓаните ,понекогаш и со линч и хајка против судиите!!!

Зборовите искажани во јавноста”летаат”,од напишаните невистини,хартијата не “поцрвенува”,но кога судите пред себе имаат ,живи конкретни личности,кои растреперено стојат пред вас, немирот и неспокојството,на семејствата и нивните роднини , да ги гледате во очи и да им ја соопштите казната,е тоа е огромен товар за судија и јавен обвинител, со совест и одговорност.Ги имаме такви во македонското судство,тие треба да се поддржуваат.

За нечесните и корумпираните,сите граѓани ,особено тие што имаат искуство со корупција на нечесен судија и обвинител,да помогнат да се ослободи судството од нив.

Милка РИСТОВА, судија на Врховен суд во пензија