По 33 години конечно асфатирани улици во Инџиково

612

По 33 години конечно асфалтирани улици во населеното место Инџиково во општина Гази Баба.

– Градежната офанзива во Гази Баба е во полн ек. Бев на увид на градежните активности за асфалтирање на краци од улица „Финска 2“ во населеното место Инџиково. Малата Марија која силно ме прегрна е мојот херој, бидејќи беше најсреќна. Таа ми кажа дека конечно ќе може да игра со своите другарчиња без да гази во кал. Додека, пак, повозрасните од оваа улица посочија дека по 33 години казење во кал, конечно добиваат асфалтирани улици – порача градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Оваа година општина Гази Баба инвестира над еден милион евра во изградба на локални улици.

Стефковски информира дека поставена е безбедносна ограда на мостот во село Брњарци, кој беше еден од посериозните проблеми на жителите на ова населено место, а се провлекува со години наназад.

– Безбедносна ограда на мостот во Брњарци е поставена. Овој мост секојдневно го користат сите граѓани на Брњарци и со ова е зголемена безбедноста во сообраќајот – истакна Стефковски.