По 3.500 денари еднократна помош за првачињата од Аеродром

60

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2.750.000 денари.

– Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од 16 јули до 15 септември – информираат од општина Аеродром.