Со попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците, по цели 18 години од денеска и официјално почнува најголемата статистичка операција во Македонија. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, ќе почне еден месец подоцна и ќе трае до 21 април.

Граѓаните кои живеат надвор повеќе од една година ќе се водат како нерезиденти. Ова важи и за оние со бугарско државјанство и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти. Претставниците на дијаспората и на дипломатско-конзуларните претставништва, освен на прашањата „кога сте се отселиле, каде престојувате, колкумина во семејството се македонски државјани, дали имате странско државјанство, колку често се враќате дома… ќе треба да наведат и која е последната адреса на живеење во земјава, колку членови на семејството имаат во Македонија и зошто ја напуштиле државата. Електронската апликација ќе може да се пополни единствено од странство, со можност за избор на осум јазици. За оние иселеници кои нема да се попишат електронски останува и алтернативата, податоците за нив да ги даде друг член на семејството кој е во државава

Со попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците, по цели 18 години од денеска и официјално почнува најголемата статистичка операција во Македонија. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, ќе почне еден месец подоцна и ќе трае до 21 април.

Граѓаните кои живеат надвор повеќе од една година ќе се водат како нерезиденти. Ова важи и за оние со бугарско државјанство и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку веб-апликација ww.stat.gov.mk или https://popis2021.stat.gov.mk/default.aspx, која е лесно достапна и едноставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса. Ќе може да се пристапи само од странство, а безбедноста на личните податоци е осигурена.

Претставниците на дијаспората и на дипломатско-конзуларните претставништва, освен на прашањата „кога сте се отселиле, каде престојувате, колкумина во семејството се македонски државјани, дали имате странско државјанство, колку често се враќате дома… ќе треба да наведат и која е последната адреса на живеење во земјава, колку членови на семејството имаат во Македонија и зошто ја напуштиле државата. Електронската апликација ќе може да се пополни единствено од странство, со можност за избор на осум јазици. За оние иселеници кои нема да се попишат електронски останува и алтернативата, податоците за нив да ги даде друг член на семејството кој е во државава.

Министерот Бујар Османи рече дека ДКП-та ќе бидат логистичка поддршка. На сајтот на МНР веќе има линк за комуникација со телефонски броеви што ќе функционира 24 часа и ќе биде достапен за граѓаните за информации и појаснувања.

Податоците за нашите државјани во странство што ќе се добијат на пописот, според министерот, ќе бидат одлична можност за планирање на политиките за дијаспората, за услугите што им се потребни на иселениците.

– Во изработка е и дигитален конзулат, на кој онлајн ќе можат да се добијат потребните документи. Пописните податоци ќе послужат и да се видат причините зошто иселениците заминале од државата и како да ги вратиме, истакна Османи.

Симовски посочи дека МНР и сите ДКП во странство ќе ги искористат сите можни канали за споделување на информации за Пописот и самопопишувањето. Се препорачува да се искористат сите контакти со здруженија на граѓани, верски здруженија, здруженија на студенти, со цел колку што е можно поголем број на државјани на Македонија кои престојуваат во странство да се самопопишат. Целта на оваа активност, појасни, е да се добијат податоци за лицата кои се отселиле, како и нивната демографска, образовна и економско-социјална структура, од каде се иселиле и во кој период.

Податоците при самопопишувањето ќе се запишат според состојбата на ден 31 март  2021 година во 24:00 часот, односно на полноќ, меѓу 31 март и 1 април  2021 година.

Еден месец порано, во периодот од 1 до 15 март, заедно со Министерството за одбрана ќе бидат попишани и лицата што за време на Пописот се наоѓаат во служба на Армијата, во државата или во странство, заедно со Министерството за правда ќе се изврши попишување на лицата што за време на Пописот се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и заедно со Министерството за труд и социјална политика ќе бидат попишани лицата бездомници.

Во меѓувреме, опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што најавија дека нема да ја поддржува и да ја почитува статистичката операција и дека ќе направи нов попис кога ќе дојде на власт, продолжува да собира потписи против Законот за попис.

-Јас сум убеден дека до завршувањето на овој процес, бројката ќе оди над првично планираните 100 000 потписи, тоа беше нашата таргет цел, но јас мислам дека ќе оди на многу повеќе, очекувам над 150 000 граѓани да се потпишат против законот за попис, што мислам дека ќе е вовед во рушење на Владата, затоа што не е сеедно ако пратениците од Власта видат дека над 150.000 граѓани се потпишале за овој закон и ќе гласаат против овој закони ќе ја сменат страната во Собранието – изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Во однос на барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се земаат и отисоци од прстите за идентификација, за да се избегнат злоупотреби на претстојниот попис, премиерот Зоран Заев вели дека прават напори да им излезат во пресрет на барањата, иако некои од нив не се рационални. Премиерот вели дека власта е подготвена да прифати донација од 5.000 апарати за отпечаток на прст и тоа да се вгради во законот за попис, но дека е невозможно да се зема отисок од децата и од граѓаните кои не се во земјата.

Македонија е единствената земја во Европа што не спровела попис цели 18 години. Токму затоа, Заев вели дека пописот треба да се спроведе – затоа што е обврска и поради тоа што сме е единствена држава во Европа којашто нема направено попис, заедно со Сомалија и некои други држави. „Тој е задолжителен и има казни. Не сакам да се заканувам, но секако законот важи за сите и сите мора да го испочитуваме. Пописот не е за да се попишуваат политичките партии или политичарите во државата, пописот е заради граѓаните“, изјави Заев.

(Е.А.)