По 11 години ЈП “Водовод“ ќе исплати регрес за годишен одмор

113

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ, потпишаа спогодба за исплата на регрес за 2016, 2017 и 2018 година.

– Со оглед на фактот дека во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можностите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје и СУТКОЗ во наредниот период ќе биде исплатен регрес за наведените години – соопштија од водоводното претпријатие.