За многу краток временски период, Бразил двапати беше потресен од голема фудбалска трагедија, и тоа по два пада на авион.

Во ноември 2016 година, авионот на клубот Чапекоенсе се урна и загина речиси целиот тим, додека денес се сруши авионот во кој летаа играчи на нисколигашот Палмас.

Бидејќи ја почувствуваа оваа трагедија најдобро на своја кожа, Чапекоенсе меѓу првите се изјасни по новата трагедија во Бразил и испрати порака за поддршка до Палмас.

  • Со длабока тага ја примивме веста за авионската несреќа што ги однесе спортистите и претседателот Палмас. За жал, знаеме како е овој момент на непремостлива болка од непоправливите загуби и посакуваме никој друг клуб да не се чувствува исто. Соочен со тоа, сепак, изразуваме сочувство и целосна солидарност до членовите на семејството, пријателите, соиграчите и навивачите. Вие нема да поминете низ ова сами, напишаа од Чапакоенсе.

За потсетување, авионот во кој се наоѓаше целиот тим на Чапекоенсе се урна во Колумбија, при што загинаа десетина патници, од кои повеќето беа фудбалери.