Актерката Мила Јовович се породи во 45 години и на свет донесе девојче, а неколку дена пред тоа на Инстаграм напиша дека е нервозна.

-Смешно е што мислев дека е смешно да се роди трето дете. Но, мора да ви признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следна објава ќе биде со нашата ќерка. Посакајте ми среќа, напиша актерката. Првата фотографија од среќното семејство ја сподели нејзината најголема ќерка Евер Габо и напиша дека ја сака и ѝ посакува добредојде на својата сестричка Оушн.

Начинот на кој Мила ги воспитува своите деца ќе ве изненади бидејќи и покрај богатството таа ги учи своите деца на чесност и не дозволува да се однесуваат разгалено како децата на богаташи. Таа смета дека тие својот џепарлак мора да го заработат, а она што е од големо значење е читање на книги, па така за секоја прочитана страница добиваат по 20 центи.

Инаку Мила чие целосно име е Милица Богдановна Јовович, во брак е со режисерот Пол Андерсон од 2009 година со кого има две ќерки, а сега ја добија и третата наследничка.

Таа соочувајќи се со тешкиот животен замав поминувајќи низ итен абортус започна да се залага за правата на жените да имаат достап до безбеден абортус. Поточно тоа се случило пред две години во четвртиот месец од бременоста за време на филмско снимање кога дошло до компликации и предвремени трудови поради што абортусот бил единствено решение. Но, на неа не ѝ дале анестезија и тоа е нешто најлошо што ѝ се случило поради што до ден-денес има ноќни кошмари.