Хрватската пејачка Северина вчера попладне на загрепскиот аеродром ја пречекала полиција, а повод била семејната караница со сестра и Маријана во нивниот стан во Сплит.

По семејната пресметка Маријана Поповиќ за Нова ТВ рекла дека е многу потесена од инцидентот.

„Тешко му е на семејство со некој кој долго време конзумира разни наркотици, а не сака да се подвргне на психолошка поддршка и на лекување. Медиумски да се проститура својата личност на штета и чест на своето семејство е уште еден девијантен психолошки пат на дотичната“ – рече за Северина нејзината сестра Маријана.

Таа изнесе и серија други обвинувања на сметка на популарната хрватска пејачка и откри дека претходно таа веќе ја пријавила во социјалните институции, но тие ништо не презеле.

„Постојано да го напаѓач семејството, учителките, социјалните работници, поранешните партнери…Не е тоа чиста глава, а институциите во претходните четири месеци по мојата уредна писмена пријава и предупредување, ништо не презедоа. Тоа синоќа беше последица на несогледување на состојбата по мојата претходна пријава  во социјалниот центар. Ова е последица на нивната немарност. Им се заблагодарувам на дравните уставнови што се бранев од напад со остар предмет и се здобив со убодна рана од агресивна и ментално болна личност. Да се прободе член на семејство и да не се повика брза помош е намера со која дошла да го направи тиа. Јадна е државата која им дозволува  на вакви личности јавно да делуваат“ – истакна Маријана Поповиќ.