Времето утре во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи, утринската температура ќе се движи од 12 до 18 степени, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 степени.

Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.