По случајното убиство на филмски сет – се огласи семејството на Брендон Ли, кој настрада на идентичен начин/ФОТО

1710

Семејството на Брендон Ли остави порака по веста за страшната трагедија која се случи за време на снимањето на филмот „Rust“, во која актерот Алек Болдвин случајно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза.

Полицијата била повикана на филмскиот сет, хеликоптер ја пренел Халина Хачинс во болница, но за жал таа им подлегнала на повредите.

Првите слики од очајниот актер се појавија по сослушувањето во канцеларијата на шерифот.

На Твитер се огласи и семејството на актерот Брендон Ли, син на мајсторот за боречки вештини Брус Ли, кој на сличен начин загина за време на снимањето на филмот „Врана“.

„Нашите срца се со семејството на Халина Хачинс и Џоел Соуза и сите вклучени во инцидентот на снимањето на филмот „Rust“. Никој не смее да биде убиен на филмски сет. Точка.“ стои во објавата која што најверојатно ја напиша сестрата на Ли, Шенон.

ТРАГЕДИЈА: Актерот Алек Болдвин уби жена и го рани режисерот за време на филмски сет/ФОТО