По синоќешниот руски напад со беспилотни летала:Илјадници корисници во регионот на Одеса без струја

93

Откако руските сили синоќа со беспилотни летала ги нападнаа енергетските објекти во областа Одеса, илјадници корисници останаа без струја, соопшти Украинската оперативна команда „Југ“.

Засега нема информации за жртви, пренесува Интерфакс Украина.

Претходно командата на воздухопловните сили на Украина соопшти дека Русија синоќа го нападна југот на Украина со ирански камикази беспилотни летала Шахед.

Според извештаите, 10 од 15 дронови биле уништени.

Беспилотните летала беа соборени над регионите Керсон, Николаев и Одеса.