По само три недели брак – Џенифер Лопез и Бен Афлек „на пауза“

236

Медениот месец штотуку заврши, а Бен Афлек и Џенифер Лопез наводно решиле да се разделат на одредено време. Фановите се загрижени за уморниот изглед на Бен и имаат теорија за вистинската причина зад разделбата на двојката.

Уморот на Афлек на меден месец го забележаа папараците, а актерот повторно беше мета на мемиња и вистинска сензација на социјалните мрежи.

Причината е минатото на Афлек?

Корисниците на Твитер имаат теорија за мистериозната причина поради која двојката е на пауза која нема никаква врска со идејата дека тоа го прават за да ја одржат магијата меѓу нив.

Според нив, најверојатно Лопез побарала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол, пренесуваат странските медиуми.

Афлек ја обвинуваше поранешната сопруга за неговата зависност

Во една од неговите најконтроверзни изјави досега, Афлек ја обвини својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер за причината за неговата зависност од алкохол. За време на интервјуто со Хауард Стерн, актерот изјави:

„Дел од причината поради која почнав да пијам беше затоа што се чувствував заробен. Мислев: „Не можам да си одам од децата, но не сум среќен, што да правам? Би пиел шише виски и би заспал на каучот, што не беше добро решение“, пишува Индекс.хр.

Но, зависноста на Афлек оди многу подалеку, пред неговиот брак со Гарнер, па дури и пред неговата прва врска со Џенифер Лопез. Тој се пријави за лекување во 2001 година, потоа двапати додека беше во брак со Гарнер и повторно во 2017 и 2018 година.