По порастот на цената една акција на Епл вреди 457 долари

42

Технолошкиот гигант Епл е на чекор да достигне пазарна капитализација од две трилиони (илјади милијарди) долари, откако акциите забележаа пораст од 1,6%, јавува Ројтерс.

Сега една акција на Епл вреди околу 457 долари, откако производителот на iPhone соопшти дека подготвува различни претплатнички пакети за своите дигитални услуги.

Акциите на Епл се само 10 долари поевтини од нивото што е потребно за да може компанијата да достигне пазарна капитализација од две илјади милијарди долари.