По петти пат 350 деца ќе учат ракомет од Кирил Лазаров

85

Претстојното лето (19 јуни – 1 јули) во Охрид по пети пат преку 350 деца од Македонија и Европа ќе учат ракомет со најдобриот македонски играч Кирил Лазаров.

Вистинските победници во животот се решени да направат разлика, било да е таа голема или мала и тоа е она што ги прави поразлични од другите. Со ова би го опишал нашето петтогодишно постоење и функционирање на високо ниво. Успеавме со многу посветеност, труд и ангажираност да направиме добар производ во кој се инволвирани најмладите односно иднината на нашата држава. Направивме тим на лојални, чесни луѓе со иницијатива, оптимизам и полни со ентузијазам. Се трудиме да ги воспитуваме и нашите деца од кампот во тој правец, затоа што денешниот успешен член на тимот е успешен утрешен водач. Поставивме цели кои се тешко дофатливи но сепак дофатливи. Благодарност до сите инволвирани во овој проект и се надевам на уште многу јубилеи во иднина, вели Лазаров, идеен творец на кампот „КЛ7“ и капитен на македонскиот национален тим.

Пријавувањето за петтиот камп започнува в понеделник.

  • Секое дете но и тренер ќе подлежи на спортски медицински преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев чија медицинска екипа ќе биде и 24 часовно медицинско обезбедување на кампот. Организиран превоз за сите учесници од Македонија, осигурување од несакани повреди , опрема од брендот “Хумел” чие заштитно лице веќе неколку години е Лазаров. Седум дена во хотелот “Аквалина” кој има идеална инфраструктура и содржини за реализација на спортски кампови и подготовки на спортисти професионалци, соопштија организаторите на кампот „КЛ7“