По 50 години неправда, Винс Метјуз и Вејн Кол повторно можат да се натпреваруваат на Олимпијада. За Кол е предоцна, бидејќи почина во 2010 година од рак, додека Метјус има 74 години и не е во можност да се појави на такво нешто.

Имено, на Олимпијадата во 1972 година, Винс Метјуз го освои златото во трката на 400 метри, додека Вејн Кол беше втор, а за време на доделувањето на медалите не сакаа да ја пеат американската химна, дури не гледаа ниту кон знамето на САД. Наместо тоа, тие си направија муабет меѓу себе, гледаа во земја и ги држеа рацете на колковите. Поради ова, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им забрани доживотно да се натпреваруваат.

Причината за нивното однесување беше јасна, 1960-тите и 1970-тите беа времето кога различни движења се бореа за правата на црнците во САД – од оние помирните како што се иницијативите на Мартин Лутер Кинг, до многу порадикални како што е Нацијата на Исламот, предводен од Малком Икс и „Црните пантери“. Метјус и Коле протестираа против позицијата на црнците во САД поради што беа брутално казнети од ИОК.

Дури сега, 50 години подоцна, таа забрана е укината, а сега 74-годишниот Метјус истакна дека тоа не му значи ништо.

  • Моето учество на Олимпијадата заврши пред 50 години. Со текот на годините се грижев за тоа какво влијание ќе има тој настан врз мојата иднина, но бев сигурен дека ја направив вистинската работа кога престанав да гледам наназад, истакна Метјуз.

Неговиот колега Вејн Кол почина од рак во 2010 година, на 60-годишна возраст, а двајцата во моментот на суспензијата имаа 22 години и мораа да ја завршат кариерата кога најмногу можеа да придонесат.

По немилиот настан, Кол го даде своето објаснување и рече дека американската химна „ништо не му значи“ и дека поради сè што минуваат Афроамериканците во тоа општество, не може да ја почитува.

  • Не можев да издржам и да ги пеам тие зборови бидејќи не верувам дека се вистинити. Посакувам да беа. Верувам дека имаме потенцијал да бидеме прекрасна земја, но мислам дека не сме, истакна Кол во тоа време.