Фудбалерите на Пелистер го изненадија големиот фаворит Работнички и со гол во самиот финиш му откина два бода, откако „џокерот“ Антонио Глоар во 91. минута го пронајде патот до мрежата на Јанков и донесе големо реми за битолчани (1:1).

По четирите порази во низа на гости, момците на Димитар Капинковски против „романтичарите“ долго време бркаа негатива, промашуваа зицери и на крај среќата ги посака со погодок во судиското надополнување.

Резултати: Струга – Шендија 1:1, Ренова – Брегалница 5:2, Тиквеш – Македонија ЃП 3:0, Борец – Скопје 0:2