Ако им веруваме на американските медиуми, еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Кари Ирвинг, ги започнал преговорите за преселба во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.

По потписот со Ентони Дејвис, Леброн Џејмс ќе има уште еден одличен кошаркар крај себе во обидот да дојде до шампионскиот прстен наредната сезона.

Инаку, покрај Ирвинг се споменува името и на Кемба Вокер кога е во прашање се евентуалните засилувања во редовите на „езерџиите“.