По девет дена потрага во Дунав: Извлечено тело на момче на 45 км од местото каде влегол во вода, по второто момче се трага

120
Фото. Facebook

Телото на деветгодишното момче А.М. од Апатин денеска го пронашле рибари на 45 километри од местото каде на 29 мај влегол во Дунав и исчезнал во реката. Освен него, во тоа време исчезнал и П.Б.(10), по кого потрагата се уште трае.

Според неофицијални информации, рибари го пронашле телото на малото момче на 45 километри низводно од местото каде што момчињата А.М и П.Б влегле во Дунав.

Да потсетиме, момчињата минатиот понеделник беа на училиште, во утринската смена. П.Б се вратил од училиште околу 14 часот и 30 минути, ги оставил книгите и отишол на возење велосипед со А.М., но оттогаш им се губи секаква трага.

 

Продолжува потрагата по момчињата кои исчезнаа на Дунав во Апатин – на брегот пронајдена нивната облека