По девет години одново на врвот – ЖРК Металург го освои Купот на Македонија

75

Ракометарките на ЖРК Металург се победнички во Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето на Ф4 турнирот што се одржа во салата „Јасмин“ во Кавадарци, ЖРК Металург славеше против ЖРК Ѓорче Петров со 30-27.

Во полуфиналните дуели, ракометарките на Металург го елиминираат бранителот на титулата, ЖРК Куманово, а ѓорчепетровки беа поуспешни од Чаир.

Ива Младеновска во финалето го предводеше Металург со девет погодоци, а кај ѓорчепетровки прв стрелец беше Симона Стојановска со осум гола.

Покрај Куп титулата, 15-годишната Ива Младеновска стави свој белег на завршниот турнир и со две индивидуални титули – ги освои пехарите за најдобар стрелец и за МВП на Куп завршницата. ЖРК Металург ја комплетира колекцијата и со пехарот за најдобар голман кој и припадна на Амра Илјаз.

За ЖРК Металург ова е вкупно петта титула во Купот, прва во последните девет години.