По две години пауза, свечена литија со иконата на Богородица

95

После две години пауза Струмичката православна епархија повторно организира свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка.

И годинава литијата ќе биде во два дела. Започнува вечерва после вечерната служба во манастирот „Свети 15 Тивериополски свештеномаченици“  во кој се наоѓа светата икона по што со свечена поворка ќе биде пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“.

Утре, на 30 април, по Светата  божествена литургија свечената литија ќе тргне низ централниот дел на Струмица се до плоштадот „Гоце Делчев“ каде ќе се одржи молебен на Пресветата мајка Божја.

Верниците оваа година освен на иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница ќе може да се поклонат и на пред светите мошти на Св.Гаврил Велички, Св.Василиј Велики и Св.Првомаченик Стефан.

Иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница потоа со свечена поворка ќе биде вратена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“. (З.Ѓ.)