По два негативни теста заврши изолацијата на Бајден за Ковид-19

24

Американскиот претседател Џо Бајден денеска  заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа.

Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во писмо до јавноста соопшти дека 79-годишниот претседател синоќа бил негативен на тестот и уште еднаш утринава.

„Неговите симптоми постојано се подобруваат и речиси целосно надминати“, напиша О’Конор во писмото.