Еден имам во Уганда се најде на удар на критики бидејќи се венчал со маж за кој мислел дека е жена.

-Ова укажува на изразената нетолеранција во оваа источноафриканска земја, изјави активистот за права на хомосексуалците Френк Мугиша.

Имамот Мохамед Мутумба кој тврди дека не знаел дека неговиот партнер е маж е суспендиран, додека неговиот партнер е обвинет за „неприроден“ престап.

Вистината се дознала кога „невестата“ била фатена како краде телевизор од соседите, па била претресена од полицијата.

Многу граѓани на Уганда го измеваа имамот на друштвените мрежи велејќи дека тој е хомосексуалец кој не ја зборува вистината.