По грешка објавено видео на италијанскиот претседател предизвика позитивни реакции кај граѓаните
Претседателот на Италија, Серџо Матарела, ги доби симпатиите на своите сограѓани признавајќи дека веќе не оди на фризер поради карантинот, а тоа го рече додека ја местеше косата пред официјалното обраќање на Италијанците. Додека се подготвуваше пред камерите, советникот на Матарела му сугерира да ја намести косата. Претседателот во тој момент му се обраќа со зборовите „Ех Џовани, ни јас повеќе не одам на фризер!“