По грабеж на аптека во Чаир:Сопственикот дошол веднаш штом бил известен, ненадејно му се слошило и починал

508

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вечерва во 20.40 час. пријавено е дека во аптека на ул.Џон Кенеди едно лице со закана со нож кон вработената го одзел дневниот промет, пренесува ТВ21.

„Десетина минути подоцна во аптеката дошол сопственикот А. С. (40), на кого, според пријавеното, му се слошило. За кратко време дошла Итна помош и со нивно возило е однесен комплекс Мајка Тереза –Кардиологија , каде од страна на лекар е констатирана смрт“, велат од МВР за ТВ21.