По вторпат: Изложба на Славчо Спировски во Њујорк

101

Во Македонскиот културен центар во Њујорк (Gallery MC) е отворена самостојна изложба на скулпторот Славчо Спировски, насловена „Аголност на илузијата на пакетирањето“, која е второ претставување на уметникот пред американската публика.

Се работи за концептуално дело – просторна подно-ѕидна инсталација, специјално подготвена за овој галерискиот простор, односно преобликување на концептот за суштината на скулптурата како илузија за тридимензионалност.

На отворањето на изложбата настапи и пијанистот Симон Трпчески, кој со авторот соработува повеќе од 12 години. Изложбата на Спировски во Њујорк е реализирана со поддршка од Министерство за култура и ќе биде отворена за посетители до 25 јануари.