По вакцинацијата станала „магнетизирана“ – така тврди и се обиде да го докаже тоа/ВИДЕО

946
Фото: Twitter printscreen

Медицинската сестра од Охајо, Џоана Оверхолт, тврди дека вакцината против ковид-19 ја направила „магнетизирана“, што се обиде и јавно да го докаже, а нејзиниот неуспех предизвика смеа на Твитер.

Таа дури се обиде да го објасни своето тврдење пред Министерството за здравство, а својата „магнетизација“ да ја докаже ставајќи клуч и шнола на вратот.

– Дали можете да го објасните ова? – ги прашала Џоана присутните среде очигледно неуспешната демонстрација.

Ниту еден од тие предмети не се задржалe на неа и веднаш паднале, но кога клучот повторно го ставила на градите, тој кратко се задржал. Тоа се случило бидејќи како што пишува BuzzFeed човечкото тело лачи себум и пот, па затоа кожата е леплива и предметите можат накратко да се залепат за неа.

Важно е притоа да се нагласи дека повеќето клучеви денес не е можно да се привлечат со магнет, бидејќи главно се изработени од алуминиум.

Меѓутоа, екипата на Твитер не дозволила нивните тврдења да останат незабележани и се шегуваат со нив веќе со денови.