По анализа на симптомите: Британски актер верува дека е нулта ковид пациент

218

Британскиот актер Бенедикт Камбербач верува дека можел да биде нулта пациентот на почетокот на епидемијата на коронавирус. Актерот, номиниран за Оскар поблиску ја проучувал мистериозната болест со која се заразил минатата година.

Откако ги анализирал симптомите што ги имал, тој сега верува дека бил еден од првите кои биле заразени со ковид-19.

„Бев неверојатно болен“, откри Камбербач за „Индипендент“.

Откако ги прочитал првите извештаи за пандемијата, 44-годишниот актер изразил загриженост дека може да придонесе за ширење на пандемијата.

„Размислував, Боже, дали навистина бев нулта пациентот?“ изјави тој за Индипендент.

Актерот роден во Лондон, на крајот на 2019 година отпатувал во Кејптаун во Јужна Африка за да го сними филмот Мавританец, кога се заразил со коронавирус.

„Бев многу болен, скоро добив пневмонија“, опишал тој, велејќи дека и покрај тоа што бил болен, го завршил филмот „со повраќање меѓу кадрите“.

Камбербач рече дека снимањето на драмата со режисерот Кевин Мекдоналд му ги отворил очите за заливот Гвантанамо, американски воен затвор во близина на Куба, кој се отворил по нападите на 11 септември за сместување на осомничени за тероризам.

По снимањето на филмот базиран на „Дневникот на Гвантанамо“, според мемоарите напишани од поранешниот затвореник Мохамеду Улд Слахи, Камбербач рече дека се приклучува на напорите за затворање на Гвантанамо и планира да контактира во врска тоа со претседателот Џо Бајден.

“Тоа е најскапиот затвор на светот, ќе го молам да го затвори. Гвантанамо не треба да биде на овој свет”, рече Камбербач.