Почнува 12. издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“

66

Од денеска во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ започна 12 издание на Меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло“.

Во рамките на фестивалот кој ќе трае до 23 мај ќе се одржат неколку концерти, традиционалниот интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.

Меѓу концертите планирани за годинава први се оние на Давид Стрбац – Србија/Австрија и на Адам дел Монте – САД, кои ќе се одржат на 19 мај во малата сала на Филхармонија.