Со обраќање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, попладнево во Парламентот почнува тридневната расправа за гласање доверба на новата влада на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот и министрите ќе ја претстават нивната програма, а се очекува свои обраќања да имаат и лидерите на останатите политички партии, како и пратеници.

Претставувањето на владината програма ќе заврши в понеделник на полноќ со гласање доверба на владата, а на гласањето ќе му претходи говор на Мицотакис и на лидерите на партиите.