Почнува судењето за убиството на Пино

96

Во Кривичниот суд почнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино. Шест месеци откако беше приведена, на обвинителната клупа ќе седне Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соучесништво во убиството. 26-годишниот Пино исчезна на 11 декември 2018 година. Исчезнувањето во полиција го пријавила неговата мајка. По пет месечна истрага, на 29 април годинава во атарот на скопското село Љуботен беа пронајдени неговите останки. На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против неговата девојка и нејзиниот пријател Али Фуркан за сторено кривично дело „убиство“. За време на истрагата Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.